Tuesday, December 28, 2010

Работна биографија или CV


 Секој може да напише свое CV, но вистинско мајсторство е да се подготви победничко CV.

            Способноста за подготвувањето на работната биографија или популарното CV (Curriculum Vitae), претставува значајна вештина и квалитет за секој деловен човек. Станува збор за сериозна работа а не за нешто што е формалност. Затоа, при подготвувањето на работната биографија бидете внимателни и одговорни.
            Најнапред, потребно е да одвоите најмалку три часа (тоа е приближно потребното време за да се подготви биографија, доколку сè оди како што треба). Пред да почнете, испечатете ги следниве воведни напомени и залепете ги на вашиот компјутер, или на ѕидот до вашата работна маса, или каде било во ваша близина, така што ќе можете за време на целиот процес да ги гледате и да ги консултирате.

Пет врвни моменти при пишување биографија 
1.    Вашата биографија се однесува на вашата иднина, не на вашето минато;
2.    Биографијата не е исповед. Не сте обврзани да „кажете сé“.  Држете се само до она што е релевантно и она што „се про-дава“;
3.    Не поднесувајте список со работни обврски. Пишувајте за постигнувањата!
Истакнете ги само оние вештини кои уживате да ги корис-тите. Никогаш не ги споменувајте работите што не би сака-ле да ги повторите;





 Кандидатот на интервјуерот може да му ги постави следните  прашања:
§  Дали работата е на определено или неопределено време?
§  Кои се работните задачи?
§  Кога се почнува со работа?
§  Какво е работното време?
§  Кој е претпоставен на тоа работно место?
§  Кога ќе биде донесена одлука кој ќе биде примен на работа?
§  Кои се целите на организацијата?
§  Каква е политиката на компанијата во поглед на стучното усовршување на вработените?
§  Дали во организацијата се работи прекувремено?

Кандидатот на интервјуерот не смее да му ги постави следните  прашања:
§  Колку денови боледување одобрувате?
§  Колку трае годишниот одмор?
§  Дали давате еден час пауза за ручек?
§  Кога ќе се добие зголемување на платата?
§  Колку брзо може да се очекува напредување во кариерата?

No comments:

Post a Comment