Monday, December 27, 2010

ЗА МАРКЕТИНГ


ЗА МАРКЕТИНГ

Прво да го дефинираме значењето на зборот: Маркетинг е социјална или менаџерска функција која се обидува да создаде, прошири и одржи збир од клиенти. Резултатот од маркетингот треба да ја задоволи побарувачката преку профитабилна размена.

Значи очекувано, енциклопедиското објаснување на терминот „маркетинг“ опфаќа една широка рамка, очигледно многу вон вообичаените стереотипни претстави за дејноста. За да станат нештата појасни, ќе биде добро да се погледаат и главните современи економски теории кои се вбројуваат во мејнстрим множеството.


Релативно познатите „четири P на маркетингот“ или Маркетинг микс:


  •  Product (производ) - каков треба да е производот и колку  соодветствува со потребите на пазарот.
  •   Place (место, локација, дистрибуција, целна група) - како производот доаѓа до клиентот, начин на продажба (продавница, онлајн, порачување по телефон, испорачка по пошта...), на кој сегмент од пазарот цели производот (млади, жени, семејства, бизниси, спортисти и рекреативци и слично).
  •   Price (цена) - го дефинира процесот според кој ќе се одредуваат цените и попустите
  • Promotion (промоција, многу луѓе кај нас маркетингот го поистоветуваат со промоција) - медиумско рекламирање, рекламирање на местото каде се продава производот, од врата до врата, како и некои современи маркетинг методологии кои на пример се потпираат на социјален инжинеринг или предизградени социјални мрежи: viral marketing, undercover advertising, astroturfing, guerrilla marketing, experiential marketing и слично.

Покрај стандардните четири маркетиншки фактори, често се додаваат уште три „P“, со што се добиваат „седум Р на маркетингот“. Новите се:
  •   People (луѓе) - тука спаѓаат сите „луѓе од бизнисот“ кои имаат допир со клиентот, бидејќи нивниот контакт со клиентите може да има влијание врз крајното задоволство од брендот/производот. Освен вработените, во групата спаѓаат и задоволните клиенти и бизнис партнерите.
  • Process (процес) - сите процеси при самото давање на услугата и однесувањето на луѓето, кои можат да влијаат на задоволството на клиентите.
  •  Physical evidence (физички доказ) - особено ако производот кој се нуди е услуга (според новите маркетинг теории сè се третира како производ, па и услугите), на клиентите понекогаш им е тешко да осознаат што ќе добијат ако изберат одредена услуга, па оттука добиваат и чувство на ризик[1]. За да се намали тоа чувство, се обезбедуваат физички докази, како на пример сведоштва од задоволни клиенти, или case studies.
Постојат уште два фактора кои конкурираат за да бидат вклучени во оваа листа (им треба демократска поддршка):
  • Packaging (пакување, презентирање) - кое пакување би постигнало највисок ефект (профит)? Тука се поаѓа од аспектот дека е многу важно како(в) ќе му се даде производот на клиентот. Некои го оспоруваат одвојувањето на пакувањето како посебен маркетиншки фактор, со обзир дека се работи за дел од промоцијата на производот
  • Philosophy (филозофија) - производот треба да кореспондира со вкупната филозофија на организацијата или компанијата. Ова мене исто ми мириса како дел од промоцијата, поточно дел од брендирањето, но нека стои вака.




No comments:

Post a Comment