Wednesday, December 29, 2010

ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

Проектот не е сон... но сон кој се остварува може да биде проект.
Проектот е концепт кој служи за организирање на одредена акција.


      Оксфордскиот англиски речник го дефинира поимот "проект" како "Индивидуален или  заеднички потфат кој е внимателно испланиран и дизајниран за да постигне одредена  цел: (пр.) истражувачки проект/проект на национално ниво за поттикнување на развојот на бизнисот".
Зборот "проект" бил прв пат употребен во шеснаесетиот век и потекнува од латинскиот збор (пројуцере) пројицере (= да фрлиш напред). Латинскиот корен сугерира движење, траекторија, извесен однос со просторот и времето. 

Сугерираниот проецес сорджи:
точка на тргнување . . .
употребена како база од која . . .
се тргнува напред . . .
кон одредена цел.

 Проектот мора да задоволи четири предуслови:

процес на зедничко размислување, кој го обликува неговиот раст и развој;
посматрање на условите во средината во која е конципиран;
познавање на тоа што се случило во слични ситуации во минатото;
пристап кој ги синтетизира опсервациите на сегашноста и знаењето за инатото и го идентификува нивното значење.

    Терминот проект се  употребува кога  се работи за освојување на нов пзар, или за реконструкција на производен погон, или за изградба на нова фабрика, болница, училиште и сл. Секогаш се зборува за реализација на одреден проект. Проектот најчесто се дефинира како сложен процес кој се превзема за да може во иднина да се постигне целта во предвидено време и за предвидени трошоци. Начинот на кој сите проекти или програми се планираат и извршуваат имасвој редослед. Од фазата на планирање поттекнува идеја за конкретна активност. Активноста се извршува. Потоа се врши проценка според оценката за ефективноста на реализацијата. Резултатите од проценката се вметнуваат при планирањето на следните активности.
       Секој проект содржи голем број на подпроекти, фази, подфази и поединечни активности, кои сите заедно ја сочинуваат разгранетата структура на проектот. Големите проекти имаат многу голем број на фази и активности и најчесто траат многу долго. Поврзаноста помеѓу одредени фази и активности кои ги содржат современите проекти  е многу голема, а тоа произлегува од сложената структура на проектот и употребата на технологија. Сложениот процес на реализација на еден проект  допринесува до голем број на поединечни фази и активности, но исто така допринесува и до голема повразаност измеѓу нив и околината.
Фирмите кои учествуваат во реализација на некој проект имаат работа со голем број на луѓе со различно знаење, стручност и искуство, при што секој поединец извршува само мал дел од работата. Извршувањето на поединечните активности неопходно е да се координира и синхронизира за да може успешно да се одвива целосната реализација на проектот, а тоа укажува на потребата од координирање и организирање на поединците, групата и тимовите, како и синхронизирање на сите учесници во реализацијата на проектот.

Класификација на проектите

         Со класифицирањето на проектите и дефинирањето на одредени типови на проекти со слични карактеристики се овозможува прецисно утврдување на специфичностите на одредени типови проекти и на таа основа се дефинира одреден концепт на управување. На пример, неможе да се има исти пристап кон управувањето на проект за изградба на голем инвестиционен објект, како со проект за воведување на информатички систем. Секој тип на проект има одредени специфични карактеристики кои го предодредуваат пристапот за управувањето со проектот, односно специфичен пристап за одредување на  рараководител на проектот, формирање проектен тим, планирање на реализацијата на проектот и пратење и контрола при реализирањето на проектот.

         Има неколку класификации на проектите, меѓутоа најчесто се класифицираат во следниве три групи, а тоа се:

1. Инвестициони проекти:
- проекти на капитални вложувања (класични инвестициони проекти),
- производствени проекти,
- истражувачко - развојни проекти,
- проекти за ремонти.

2. Бизнис проекти:
- организациони проекти,
- информатички проекти,
- научно -истражувачки проекти,
- консултантски проекти,
- маркетингшки проекти.

3. Општествени проекти:
- Организирање на симпозиуми, конференции и сл.
- Организирање на културни настани (музички концерти, изложби и сл.).
- Организирање на спортски настани,
- Снимање на филмови,
- Изведување на театарски претстави,
- Организирање на прослави и сл. 

No comments:

Post a Comment