Tuesday, June 21, 2011

Значење и улога на маркетингот


            Во суштина маркетингот главно е насочен кон задоволување на потребите, желбите и барањата на потрошувачите (купувачите), па јасно е дека станува збор на воспоставување на поинакви односи во рамките на работењето на сите пазарни учесници.Оттаму, секогаш треба да се има предвид дека појавата на концептот на маркетингот не произлегува од некоја посебна желба за стопанските субјекти, туку од објективните услови на работењето, од конкуренцијата и од се поголемата улога и значење на потрошувачите во процесот на купување.
            Поставени во такви објективни услови, стопанските, па и нестопанските, субјекти, немаат поинаков избор од воспоставување на други соодноси кои значат дека остварувањето на профитот пред се, зависи од степенот на задоволување на потребите, желбите и барањата на купувачите.Тоа, впрочем е и суштината на маркетингот.Тоа е и причината за зголемување на улогата и значењето на маркетингот, кое уште повеќе се потенцира со следново:

  1.      Маркетингот, по своја суштина, е во согласност со индивидуалните потреби на потрошувачите и на организациониот пристап на стопанксите и нестопанските дејности.
  2.     Тој е во согласност со активностите на поедницните и субјектите (стопански и нестопански) во остварување на поединечните цели.
  3.  Маркетингот е всушност, како концепт, извршител на индивидуалните и организирани активности.
  4.          Маркетингот, покрај тоа, ги олеснува на определен начин измените кои настануваат и односите кои се воспоставуваат, имајќи ги предвид настаните во околината.


Од таквата улога и значење произлегува потребата за здобивање со поголеми значења од маркетингот, што се потенцираат и со следниве факти:

а) Маркетинг активностите се применуваат кај голем број стопански и нестопански субјекти, а вклучувањето во нивните активности бара претходни солидни знаења за одделни аспекти на маркетингот.
б) Маркетинг активностите се инкорпорирани во бизнисот и економијата, без оглед на тоа под какво име тие се појавуваат.Оттаму, во вкупните знаења од овие области се неопходни и знаењата од маркетингот.
в) Знаењата од маркетингот, во голема мерка ги зголемуваат можностите на потрошувачите, затоа што филозофијата на маркетингот поаѓа токму од таквите поставки.
г) Маркетинг промоциите се релативно помали од профитот кој може да се оствари со примената на оваа концепција во работењето.

No comments:

Post a Comment