Tuesday, June 21, 2011

Дизајн на производите


    Кога во практиката се зборува за дизајн на производот, се мисли пред се на неговиот облик, односно изглед, боја и сл. Дизајнот може да се дефинира како креирање на односот меѓу производот и потребите, односно како целесобразност на производот. При тоа во процесот на дизајнирањето не е битен само обликот на производот, туку пред се како производот се вклопува во средината во која се наоѓа. Во маркетингот од особено значење е при функционирањето на одделни активности дизајнот како процес на обликување на производите, да продонесе за задоволување на потребите на потрошувачите. Но со дизајнот не се создава само обликот на производот, бидејќи дизајнирањето на производите бара креативно ангажирање.



Факторите на дизајнот можат да се групираат според: употребата, продажбата и производството. Основни фактори се:
-          естетиката
-          мотивацијата
-          функцијата
-          ергономијата
-          механизмот
-          структурата
-          производството и
-          економиката и презентацијата


Класификација на факторите на дизајн


Класификација на факторите на дизајнот
Има значење за
употребата
продажбата
производството
Естетика
X
X

Мотивација
X
X

Функција
X
X

Ергономија
X


Механизам
X


Структура
X

X
Производство

X
X
Економика

X
X
презентација

X
X

 Естетика
Од аспект на естетскиот изглед секој производ може да се расчлени на седум основни елементи: линија, правец, пластичен облик, големина, структура, светлосна вредност и боја.

Мотивација
Мотивацијата има влијание во поглед на стимулирањето на потрошувачот да користи определен производ, односно да го купи, поради што мора да се има предвид при дизајнирањето.

Функција
Функцијата претставува прилагоденост на предметот да исполни определена намена која е мошне значајна во дизајнот кој мора да поаѓа од потребите.


Ергономија
Ергономијата е научна дисциплина чија задача е врз база на емпирските истражувања на човечкиот организам и неговото однесување да ги изнајде начините на прилагодување кон предметите, околината и другите процеси со кои човекот доаѓа во допир.

Механизам
Механизмот претставува битен фактор на дизајнот, бидејќи обликот на производот сосема нормално зависи на физичко- конструктивните услови особено кај посложените производи.

Структурата
Структурата може да се дефинира како опис на видовите и категоризацијата на елементите и нивниот меѓуоднос во определен систем. Таа зависи од физичките и техничките особини на материјалите, начинот на производството, доработката и сл.

Производство
Производството го диктира обликот на производот. Начинот на организација на производството, техничкиот и организациониот аспект директно се сврзани со процесот и резултатот на дизајнирањето.

Економика
За процесот на оформување на обликот на производството економиката претставува значаен фактор.

Презентација
Изгледот на производот во основа мора да ги задоволи барањата во поглед на истражување на основната функција на производот, односно како тој ке се користи.


No comments:

Post a Comment