Tuesday, June 21, 2011

Значење и улога на маркетингот


            Во суштина маркетингот главно е насочен кон задоволување на потребите, желбите и барањата на потрошувачите (купувачите), па јасно е дека станува збор на воспоставување на поинакви односи во рамките на работењето на сите пазарни учесници.Оттаму, секогаш треба да се има предвид дека појавата на концептот на маркетингот не произлегува од некоја посебна желба за стопанските субјекти, туку од објективните услови на работењето, од конкуренцијата и од се поголемата улога и значење на потрошувачите во процесот на купување.
            Поставени во такви објективни услови, стопанските, па и нестопанските, субјекти, немаат поинаков избор од воспоставување на други соодноси кои значат дека остварувањето на профитот пред се, зависи од степенот на задоволување на потребите, желбите и барањата на купувачите.Тоа, впрочем е и суштината на маркетингот.Тоа е и причината за зголемување на улогата и значењето на маркетингот, кое уште повеќе се потенцира со следново:

  1.      Маркетингот, по своја суштина, е во согласност со индивидуалните потреби на потрошувачите и на организациониот пристап на стопанксите и нестопанските дејности.
  2.     Тој е во согласност со активностите на поедницните и субјектите (стопански и нестопански) во остварување на поединечните цели.
  3.  Маркетингот е всушност, како концепт, извршител на индивидуалните и организирани активности.
  4.          Маркетингот, покрај тоа, ги олеснува на определен начин измените кои настануваат и односите кои се воспоставуваат, имајќи ги предвид настаните во околината.


Од таквата улога и значење произлегува потребата за здобивање со поголеми значења од маркетингот, што се потенцираат и со следниве факти:

а) Маркетинг активностите се применуваат кај голем број стопански и нестопански субјекти, а вклучувањето во нивните активности бара претходни солидни знаења за одделни аспекти на маркетингот.
б) Маркетинг активностите се инкорпорирани во бизнисот и економијата, без оглед на тоа под какво име тие се појавуваат.Оттаму, во вкупните знаења од овие области се неопходни и знаењата од маркетингот.
в) Знаењата од маркетингот, во голема мерка ги зголемуваат можностите на потрошувачите, затоа што филозофијата на маркетингот поаѓа токму од таквите поставки.
г) Маркетинг промоциите се релативно помали од профитот кој може да се оствари со примената на оваа концепција во работењето.

Дизајн на производите


    Кога во практиката се зборува за дизајн на производот, се мисли пред се на неговиот облик, односно изглед, боја и сл. Дизајнот може да се дефинира како креирање на односот меѓу производот и потребите, односно како целесобразност на производот. При тоа во процесот на дизајнирањето не е битен само обликот на производот, туку пред се како производот се вклопува во средината во која се наоѓа. Во маркетингот од особено значење е при функционирањето на одделни активности дизајнот како процес на обликување на производите, да продонесе за задоволување на потребите на потрошувачите. Но со дизајнот не се создава само обликот на производот, бидејќи дизајнирањето на производите бара креативно ангажирање.



Факторите на дизајнот можат да се групираат според: употребата, продажбата и производството. Основни фактори се:
-          естетиката
-          мотивацијата
-          функцијата
-          ергономијата
-          механизмот
-          структурата
-          производството и
-          економиката и презентацијата


Класификација на факторите на дизајн


Класификација на факторите на дизајнот
Има значење за
употребата
продажбата
производството
Естетика
X
X

Мотивација
X
X

Функција
X
X

Ергономија
X


Механизам
X


Структура
X

X
Производство

X
X
Економика

X
X
презентација

X
X

 Естетика
Од аспект на естетскиот изглед секој производ може да се расчлени на седум основни елементи: линија, правец, пластичен облик, големина, структура, светлосна вредност и боја.

Мотивација
Мотивацијата има влијание во поглед на стимулирањето на потрошувачот да користи определен производ, односно да го купи, поради што мора да се има предвид при дизајнирањето.

Функција
Функцијата претставува прилагоденост на предметот да исполни определена намена која е мошне значајна во дизајнот кој мора да поаѓа од потребите.


Ергономија
Ергономијата е научна дисциплина чија задача е врз база на емпирските истражувања на човечкиот организам и неговото однесување да ги изнајде начините на прилагодување кон предметите, околината и другите процеси со кои човекот доаѓа во допир.

Механизам
Механизмот претставува битен фактор на дизајнот, бидејќи обликот на производот сосема нормално зависи на физичко- конструктивните услови особено кај посложените производи.

Структурата
Структурата може да се дефинира како опис на видовите и категоризацијата на елементите и нивниот меѓуоднос во определен систем. Таа зависи од физичките и техничките особини на материјалите, начинот на производството, доработката и сл.

Производство
Производството го диктира обликот на производот. Начинот на организација на производството, техничкиот и организациониот аспект директно се сврзани со процесот и резултатот на дизајнирањето.

Економика
За процесот на оформување на обликот на производството економиката претставува значаен фактор.

Презентација
Изгледот на производот во основа мора да ги задоволи барањата во поглед на истражување на основната функција на производот, односно како тој ке се користи.


Производ

Производот претставува физички(материјален) резултат од дејноста на произвотственото претпријатие.Низ сегашниот вкупен развој на производот, неговите карактеристики и намена минуваат низ повеќе фази. Така во неутралното производство производот, посматран низ употребениот квалитет е цел на таа економија. Врската меѓу производството и потрошувачката е најнепосредна: се произведува за да се троши и тоа за да троши самиот производител, односно неговото семејство. Употребените квалитети на производот се ориентирани кон неговите потреби и на тој начин се издиференцирани и неговите карактеристики........
         Природата на производот го има само оној производен резултат кој го поседува како барана употребна вредност. При определени услови производот станува стока која покрај употребната вредност има и определена вредност. Таквата вредност производот ја стекнува како стока во простото стоковно производство во кое производите имаат определена употребна вредност, која како вишок на труд, по задоволувањето на потребите, се нуди на пазарот. Во оваа фаза на развојот производите имат две особини:
1)      тие се  производи со карактеристики кои се конвенционално признати, така што можат да се разменуваат без присуство поради стандарните особини и
2)      производите се доволно издиференцирани и можат да задоволат потреби на поголем број корисници.


         Во маркетингот производот се дефинира како" се она што може да се понуди на пазарот  за да се предизвика внимание, купување, употреба или потрошачка, а што може да задоволи некоја желба или потреба."
Поголемиот број производи се јавуваат во физички облик, но еден дел од нив претставуваат услуги кои, исто така се производи(услужни производи). Производи се и луѓето , местото, организацијата па дури и некоја замисла. Од таму и воопшто може да се каже дека производите се се она што може да ја сочува понудата, вклучувајќи физички предмети , услуги, луѓе , места , организации и идеи.

Производот има неколку нивоа:
1)  првото ниво и основно е основната корист, основната услуга, односно она што купувачот вистински купува. Тоа значи дека производот треба да ги содржи вистинските карактеристики да ја задоволи основната потреба поради која се купува
2) второто ниво претставува генералниот производ ,  односно основната верзија на определен производ кој ќе ја задоволи основната потреба
3) третото ниво е очекуваниот производ, односно производот да ги содржи карактеристиките и условите што купувачите ги очекуваат при купување на некој производ
4) четврото ниво претставува збогатен производ , односно производ што вклучува дополнителни услуги и користи, по што понудата ќе се разликува од понудата на конкуренцијата
5) последното ниво претставува потенцијален производ, односно измени на производот што можат да се превземат во иднина.

Секој производ, без оглед на тоа во каков облик се појавува, треба да задоволи определена потреба . потребата пак се задоволува со она што го нуди производот ,  тоа е услугата. Оттаму и производите кои се јавуваат во физичка смисла, потребата ја задоволуваат со услугата што ја даваат.
Колку производот поцелосно одговара на замислената или вистинската претстава на купувачот во процесот на задоволување на потребите, толку повеќе претпријатието ќе остварува поповолни финансиски и др резултати.
Во маркетингот концепцијата на работењето во фокусот се наоѓа потрошувачот , а основната цел на претпријатието е да задоволи некои потреби.

Во услови на конкурентски услови на пазарот и динамичната измена на потребите кои притоа не постојат за определени конкретни производи, претпријатието мора да понуди производ кој со своите карактеристики е конкурентен, односно има определени диференцијални предности кои ќе го привлечат купувачот. Затоа на производот особено во последниве децении , му се посветува големо внимание кое произлегува .

 1) се поголемиот степен на иновација во областа на производните и технолошките постапки при што доаѓа до намалување на животниот век на производот. Во такви услови ако претпријатието- производител нема соодветна маткетинг политика на производот , при планирањето и развојот на маркетингот , може да се најде во тешки услови поради застарување на производите и побрзиот развој на конкурентските претпријатија , а со тоа претпријатието  нема да го оправда своето постоење во задоволувањето на општествените потреби преку производот, кои не се имагинирани, туку се изразуваат конкретно. Затоа, не може претпријатието да смета дека ја остварува својата функција, ако не произведува такви производи кои задоволуваат  вистински потреби.

 2) производот добива се поголемо значење поради пренесувањето  на конкуренцијата од класичните облици(по пат на цени) на овој инструмент на маркетингот со кој се обезбедува учество на пазарот како основен индикатор за степенот на успешноста на работењето. 

3) од карактеристиките на производот, условени се и другите инструменти на маркетингот. Така, за дистрибуција е мошне значајно производот да има такви особини кои ќе овозможат процесот на движење до потрошувачот да се оствари што понепосредно и со помали трошоци, да се обезбеди структурирање на соодветен продажен асортиман, да се олесни физичката дистрибуција и сл.



Производот како средство со кое се комуницира со потрошувачите, служи да се остварат целите и на производствените претпријатија и на потрошувачите.

Се смета дека преку производот потрошувачите остваруваат два вида на цели:
-  инструментални, односни такви цели со кои производот задоволува определени потреби во физичка смисла преку употребената вредност, што е основно значајно кај производителите на производи за производно- услужна потрошувачка
-     психолошки цели, кои произлегуваат од употребната вредност, но и до низа психолошки димензии во поглед на поседувањето и симболичките белези, кои се од големо значење особено за некои групи производи за  лична потрошувачка.